15/01/2026
Мислам дека само уште јас останав од инфлуенсерите што не си направи ниту еден пост за испраќање на 2025та. Па this is it - better late then never. 🤣 Ако морам годинава што помина да ја дефинирам со неколку зборови, тоа би било „емоционално исцрпување“ и „тивка работа на себе“.
Не постирав многу овде за тие некои мои внатрешни борби - а и пишувањето не ми е најјаката страна. Не сакам да кажам дека годината ми беше лоша, ама не беше ни најдобрата.
Зошто?
Затоа што беше година на најмногу overthinking што сум го имала во животот. Не се случи ништо драматично, ама имаше доста моменти кога животот ме ставаше на раскрсници и ме тераше да бирам помеѓу два сосема различни патишта. Ќе бидам искрена, иако знам дека малкумина читаат вакви долги описи под слики (барем јас ретко читам 😅). Ама нека стои ова овде, како мал личен дневник, за кога ќе се навратам на крај на годинава.
Не сакам да си ставам резолуции и големи ветувања за 2026та. Искрено, преку глава ми е од поставување нереални цели (што пречесто го правам) и разочарување кога нема да ги остварам. Оваа година поминав многу време на социјални мрежи - повеќе консумирав отколку што креирав. Некои можеби нема да се согласат и ќе кажат дека бев активна, ама јас си се знам и знам кој е мојот максимум. Следната година сакам свесно да го намалам времето на соц мрежи, затоа што сфатив колку ме прават анксиозна.
Искрено, по три години конечно почнав да запознавам луѓе во Шведска - креативци, луѓе од индустријата (соц мрежи и маркетинг таму) луѓе од кои можам да учам, кои ме инспирираат и ме тераат да сонувам поголемо. Можеби токму таму ќе треба да вложам повеќе во оваа година.
Полека. Со повеќе мир. И со повеќе доверба во себе.
🥂